Ковид19 Свет

Бразил над 2 милиони, Индија над 1 милион случаи на Ковид-19

Европската Унија денеска во Брисел ќе го одржи самитот на кој се очекуваат исклучително тешки преговори за плановите за рекордната сума од 1, 85 трилиони евра ( односно 1850 милијарди евра) за европскиот буџет и фонд за заздравување на економијата, тешко погодена од пандемијата коронавирус. Унијата е во најлошата ресеција во својата историја, предизвикана од карантините заради Ковид-19 и земјите членки се расправаат околу тој кој треба да даде најмногу пари за помош на останатите држави и кој треба да добие најмногу од тие средства за ревитализирање на  својата економија.

Итноста е толку голема што лидерите ги прекинаа разговорите на видео конференциите и се среќаваат лице в лице.

Германија, која го презеде претседателствувањето со ЕУ, очекува тешки преговори, изјави канцеларката Меркел, која денеска полни и 66 години.

Потребна ни е навистина голема подготвеност за компромис од сите за да постигнеме нешто што е добро за Европа, добро за луѓето во Европа од аспект на оваа пандемија и е соодветен одговор на економските потешкотии со кои се соочуваме. Затоа, очекувам тешки, многу тешки преговори, вели меркел.

Соединетите американски држави пријавија вчера 74.500 нови случаи коронавирус, најголемиот број потврдени по почетокот на пандемијата во државата.

Бројот на вкупните инфекции, на тој начин се искачи на повеќе од 3.570.000.

Она што е застрашувачко за САД е фактот случаите на позитивни Ковид-19 пациенти растат во 30 сојузни држави. Во последните 24 часа, животот го загубиле и речиси 1.000 луѓе, со што вкупниот број смртни случаи се зголеми на повеќе од 138.000. Во разговор со милијардерот Марк Цукерберг, врвниот американски епидемиолог Ентони Фаучи, кој сега е цел на жестоки напади од Белата куќа, предупреди дека САД се движат во целосно погрешен правец и мора итно да го променат пристапот.

Јужните држави, особено како Флорида, Калифорнија, Аризона, Тексас, сега се соочуваат со растежи кои се навистина вознемирувачки. Порасти, кои како што и ти кажа, сега се движат и над 60.000 случаи дневно. Тоа секако е нешто со кое мораме да се справиме, оцени Фаучи.

Пандемијата корона вирус опасно се шири и во Индија. Со повеќе од 34.000 нови случаи во последните 24 часа, Индија веќе има повеќе од 1 милион заразени со Ковид-19.

Со над 1 милијарда и 300 милиони жители, густо населени градови, Индија секогаш беше една од потенцијално најкритичните жаришта на корона вирус во светот. Добра вест за Индија е фактот дека се уште низок број на активни случаи – околу 340.000, како и висок процент на луѓе кои брзо заздравуваат од болеста.

Црн биланс од над 2 милиони потврдени случаи веќе има и во Бразил. Пред помалку од еден месец, Бразил имаше еден милион случаи а нема никакви знаци дека степенот на ширењето на заразата се намалува.

Со овие бројки, најнаселената држава во Јужна Америка со 210 милиони жители, е втората најтешко зафатена држава од пандемијата, веднаш зад САД.

Официјално, над 74.000 луѓе досега починаа од вирусот иако вистинските бројки се веројатно уште повисоки.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе