Спорт

НФЛ ќе тестира заштитен визир за играчите

Компанијата за производство на очила, Оукли во соработка со луѓе во НФЛ дизајнираа заштитен визир и штитник за устата кои играчите би требало да ги носат под своите кациги и за кој смета дека ќе ја ограничат можност за ширење на коронавирусот за време на натпреварите.

Во моментов се уште не е донесена одлука за обврзувачко носење на оваа опрема, а медицински лица дадоа препорака играчите да ги користат во текот на сезоната. Во текот на следната недела сите тимови ќе ги добијат овие додатоци на опремата, а се со цел да се слушне и нивното мислење и тоа ќе биде првата практична примена на овие делови за заштита на играчите.

Иако се уште нема официјална потврда тренинг камповите ќе бидат отворени на почетокот на август, а новата сезона би требало да стартува во септември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе