Свет

Вучиќ: Договорени темите за продолжување на Дијалогот Белград – Приштина во Брисел

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека се договорени темите за состанокот во Брисел, што ќе се одржи в четврток во рамките на дијалогот Белград – Приштина.

По 20 месеци продолжува Дијалогот под покровителство на ЕУ. Договорени се темите за состанокот во Брисел в четврток, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ денеска имаше видео состанок со косовскиот премиер Авдулах Хоти и со претставници на Европската Унија.

Специјалниот претставник на ЕУ за Дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, по видео средбата со Вучиќ и Хоти изјави дека дијалогот е вратен на вистинскиот пат.

Драго ми е што можам да кажам дека по самитот во Париз и денешната средба, дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, по 20 месеци се врати на вистинскиот пат, изјави Лајчак.

И Лајчак истакна дека состанокот биле договорени главните елементи на процесот и агендата на следната средба, што ќе се одржи во живо во четврток во Брисел.

Видео конференцијата меѓу Белград, Приштина и преговарачот на ЕУ траеше околу 2,5 часа.

Одржани се билатерални консултации на двете страни со високиот претставник на ЕУ за  надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел и со Лајчак.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе