Ковид19 Македонија Топ вести

Во Дебар состојбата со коронавирусот се влошува

Во Дебар последните денови видно се зголемува бројот на заболените од коронавирусот и таа бројка од почетокот до денеска изнесува 108 како и два случаи во руралната општина Центар Жупа. Четири лица од кои три во Дебар и еден во Центар Жупа ја загубија битката со вирусот Ковид-19. Само за една недела во Дебар се регистрирани околу 20 болни од Коронавирус, од кои најголемиот број се млади лица.

Дебарскиот епидемилог Ментор Мела денеска изјави дека состојбата се влошува поради непочитување на мерките за заштита од вирусот, поради што дојде и до губење на контролата над класерите, што секако ја отежнува состојбата. Мела изјави дека моментално бројот на активните болни во Дебар е 51, додека за десет лица се чекаат резултати од тестовите. Според Мела во последно време поради непочитување на протоклот од страна на дел на угостителски објекти, вирусот се шири кај младите .

Во општата болница според директорот Баки Алили има потреба од нови кревети. Затоа тој има побарано од Црвениот крст специјален шатор со десет кревети, а моментално во болницата се во функција три простории, од кои во две се дава терапија на болните од Ковид-19 и во една на пациенти кои имаат симптоми на овој вирус.

Во болницата исто така се оценува дека се потребни инфектолог, пулмолог и други специјалисти.

Инаку поради  влошената состојба  локалната самоуправа во Дебар апелира до населението да ги почитува мерките за заштита од Ковод 19., но сепак голем е бројот на  населението кое не користи маски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, е ослободен од обвинението

Дејан Дејан

Доживотен затвор за Палевски, Маневски, Кешишев и Видевски за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Ова е предавство, кој и да е, мора да одговара – Виткоф за протекувањето на информации за нападите на САД врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе