Ковид19 Македонија Најважни

Охридско-струшко-дебарскиот регион по 15 заболени на ден

До пред еден месец имаа 15 заболени месечно, сега имаат повеќе од 15 дневно. Охридско-струшко- дебарскиот регион е во неповолна и сложена епидемиолошка ситуација. Само во последните седум дена починаа седум лица, а 115 нови се заразени со ковид-19. Едно од починатите лица е од Охрид, а шест се од општина Струга. Од новите случаи, најмногу се во Струга – 52, во Охрид се 50, а во Дебар 13.

Од Центарот за јавно здравје, кој ги покрива општините Охрид, Дебарца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, постојано апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките, да носат маски, да држат дистанца и да бидат одговорни и кон себе и кон другите.

Како и во останатите општини, и овде докторите  се соочуваат со неодговорно однесување на заразените, поради што страдаат и одговорните лица.

Во моментов во Охрид се активни 161 случај, во Струга 148, а во Дебар 51.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предлог од Општина Центар за затворање на Дебар Маало за возила

Дејан Дејан

Ристески: Цените на кафето и маслото зависат од светските берзи

Дејан Дејан

(Видео) Продолжи судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе