Ковид19 Свет Топ вести

11 починати и 309 нови случаи во Србија за 24 часа

Нови 309 случаи корона вирус во Србија за последните 24 часа и 11 починати. Здравствените власти во Белград потврдија дека вкупно биле извршени 8102 тестови за Ковид -19, додека на респиратор се сместени 85 лица.

Од почетокот на пандемијата официјалниот број на починати од корона вирусот изнесува 298 луѓе, иако неофицијално вистинските податоци се многу полоши.

Иако вчера во Србија беше забележан највисок број новозаболени од Ковид-19 во изминативе два месеци, владата одлучи да воведе прилично благи мерки.

Беше ограничена работата на ноќните клубови и сплавовите од 23 часот до 6 часот наутро, се лимитираше бројот на посетители на настани до 100 луѓе во затворени и 500-тини лица на отворено и се воведоа казни до 5.000 динари за неносење маски.

Вонредна состојба беше прогласена во Белград, од каде се најголемиот број на новозаболените.

Белград е најголемиот проблем, се останато е неспоредливо поедноставно со Белград. 82,5 проценти од заболените се во Белград. Јасно е дека сите други бројки се под контрола. –вели српскиот претседател Вучиќ.

Незадоволство и шокираност од одлуката на Вучиќ денеска изразуваат српските угостители, кои веруваа дека ќе можат да продолжат непречено со својата работа, како што впрочем правеа минатиот период, по речиси целосната релаксација на сите ограничувања.

Се чувствуваме како некој навистина да си игра со нас. Ние имавме договор, цврсто фиксиран и конкретен договор. Ние минатата недела, поточно во понеделник, имавме состанок во владата на Србија, со премиерката. Имавме, односно мислевме дека имавме еден конструктивен, добар и квалитетен состанок каде се договоривме за некои работи – изјави Ѓорѓије Стајкиќ, сопственик на ноќниот клуб “Транзит”.

Од строги мерки кои граничеа со тотален карантин на почетокот од пандемијата, Србија го релаксираше животт речиси до враќање во нормални услови.

Спортските настани се вратија со публика на трибините а угоститлските објекти беа отворени со нормално работно време, социјалната дистанца и носењето заштитни маски исто така не се почитуваа.

Опозицијата обвинуваше дека тоа се прави за по секоја цена да се одржат изборите на 21 јуни, но владата на Вучиќ тврдеше дека Србија го победила вирусот.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рубио: Оваа недела ќе одлучиме дали ќе останеме во мировниот процес за Украина

Дејан Дејан

„Горан е тука“ – одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски

Дејан Дејан

Асфалт со дупки, фекалии на улица, септички јами во дворовите – живот меѓу две општини и борба за основни услови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе