Култура Топ вести

Графити со говор на омраза испишани врз муралот во Битола

Муралот насликан  на фасадата на некогашното кино „Партизан“ во Битола кој пренесува пораки за  заедништво,  осамна со графити кои содржат говор на омраза. Уништен  е по само 24 часа   откако беше промовиран на  симболичното  отворање на  јубилејното 15 издание на фестивалот АКТО, а испишан е  стих  од „Песната за солидарност“  на Бертол Брехт.  Автори се уметници од колективот КУРС од Белград, а изработен е во соработка на Народниот театар од Битола и АКТО фестивалот.

„АКТО и Народен Театар Битола како и пошироката локална и национална уметничка заедница,  на огромно задоволство ги прими колегите од колективот КУРС од Белград да работат во нашиот град и да пренесуваат пораки на заедништво, солидарност и пркос кон национализмот и ксенофобијата. За жал, сведоци сме дека општеството сеуште е загадено со национализам и нетрпеливост кон различностите. Ние ќе продолжиме да се бориме за праведно општество за сите. Борбата за вредности продолжува!“ реагираат од АКТО фестиавлот.

 Организаторите ги повикаа надлежните да ги откријат  сторителите на овој вандалски чин. Ова не е првпат во Битола да осамнат графите со националиситички содржини , а често  со вакви пораки со говор на омраза се уништуваат фасади на училишта, згради, споменици. Минатата недела  со боја беа потурени спомен бистите на партизаните во алејата на градското шеталиште.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рубио: Оваа недела ќе одлучиме дали ќе останеме во мировниот процес за Украина

Дејан Дејан

„Горан е тука“ – одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски

Дејан Дејан

Асфалт со дупки, фекалии на улица, септички јами во дворовите – живот меѓу две општини и борба за основни услови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе