Македонија Топ вести

Апостол Симовски: И пандемијата e пречка за пописот во 2021, а не само законот

По избори подготовки, поддршка од сите пратеници за законот и во април наредната година попис. Ваквиот план за спроведување на операцијата за пребројување на населението по она во далечната 2002 според вицепремиерот Бујар Османи треба да  се одржи во април наредната година, но само доколку идната власт и опозиција постигнат заеднички консензус, причина заради која пропадна претходниот обид за организарање на попис.

И да се најде политичка волја за брзо носење на законот за попис, потребно е прво да спласне корона пандемијата, предупредува директорот на Државниот завод за статистика.

Или април или октомври друга опција за попис нема, категоричен е Симовски. На државата и недостигаат податоци, а дали наредната година Македонија ќе се преброи зависи од политичарите.

Последниот обид на работните групи за поправки во Законот за попис беше пред неколку месеци кога беа усогласени и забелешките на опозицијата. Пописот беше најавен за април оваа година, но и одложен заради  избори. Во 2012 година, имаше обид а ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се откажаа, па СЈО отвори предмет со кој беа опфатени екс премиерот Никола Груевски и лидерот на „интегративците“, Али Ахмети, истрага која оттогаш стои во место.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предложените измени на „балансерот“ ги поделија партиите

Дејан Дејан

Тренчевска: Линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери не е добро

Дејан Дејан

Сопругот на 32-годишна жена од тетовско која почина на КАРИЛ бара одговори – зошто обичната операција за вадење камен од бубрег завршила со смртен исход

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе