Свет

Турција ќе произведува делови за Ф-35 до крајот на 2022 година

САД до 2022 година ќе зависат од турското производство на делови за авионите ловци Ф-35, објави Блумберг.

Иако на Турција и е забрането да купува авиони Ф-35 по одлуката на Анкара да го купи рускиот противракетен систем С-400, портпаролот на Пентагон, Мајк Ендрјус истакна дека на крајот на минатата година донесена е одлука за „зачувување на постоечките договори со Турција за достава на делови“.

Тој истакна дека таквата одлука е донесена со цел „да се избегне скапото раскинување на договорите“.

Турција е светски лидер во авијациското и вселенското производство. Десет турски компании произведуваат делови за Ф-35 во вредност од околу 12 милијарди долари. Турските компании произведуваат 817 од приближно 24.000 авионски делови и 188 од околу 3.000 делови на моторот.

Поради набавката на рускиот систем С-400, Вашингтон ја отстрани Турција од програмата за авиони ловци од петтата генерација на Ф-35. САД тврдат дека системот може да биде искористен од Русија за прибирање на класифицирани информации. Анкара тврди дека С-400 нема да биде интегриран во системите на НАТО и затоа не претсатвува закана за безбедноста на Алијансата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран го започна петтиот бран на воздушни напади врз Израел

Дејан Дејан

Расте бројот на жртви во воените удари на Израел и Иран

Дејан Дејан

Убиени уште двајца високо рангирани ирански генерали

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе