Свет

Најстариот затвор во Калифорнија, Сент Квентин, е ново жариште на коронавирусот

Во затворот Сент Квентин, најстарата казнена установа во американската сојузна држава Калифорнија, дојде до драстично зголемување на бројот на заразени со коронавирус, со оглед на фактот дека повеќе од 1.000 затвореници излегле позитивни на тестирањата, јавија локалните власти.

Ова е многу загрижувачко, изјави гувернерот Гевин Њусом, истакнувајќи дека 42 отсто од приближно 3.500 затвореници на Сент Квентин се заразени. Затворот се наоѓа во близина на Сан Франциско.

Според американските медиуми, до почетокот на јуни Сент Квентин бил поштеден од заразата со коронавирусот, но транспортот на затвореници од затворите најмногу погодени од Ковид-19, како што е затворот Чино, ја донел епидемијата и во него.

Затворот Чино, во близина на Лос Анџелес, на почетокот на епидемијата во земјата беше познато жариште на Ковид-19. Повеќе од 500 затвореници во Чино беа позитивни на тестирањата, додека имаше и 16 смртни случаи поврзани со вирусот.

За да се избегнат смртните случаи, властите во Калифорнија наредија предвремено ослободување на околу 3.500 затвореници од затворите кои имаат помалку од 180 дена до отслужување на казната.

Гувернерот Њусом кажа дека 3.500 кандидати од затворите во Калифорнија во понеделникот биле предложени за оваа мерка, од кои 110 биле од Сент Квентин.

Во затворите во Калифорнија има околу 113.000 луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европска комисија: Прославата на Денот на победата во Москва е руска пропаганда

Дејан Дејан

Над 128.000 луѓе му оддале почит на папата Франциск во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

Дејан Дејан

Кличко за „Би-Би-Си“: Украина би можела да биде присилена на територијални отстапки за мир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе