Свет

Полицијата во Хонгконг употреби водени топови против демонстранти и новинари

Полицијата во Хонгконг денеска употреби водени топови за да растера помали групи демонстранти, а на мета биле и новинари.

Биле уапсени 30 лица во протестите кои се одржуваат еден ден по усвојувањето на законот за национална безбедност од страна на кинескиот Парламент, објави ДПА. Демонстрантите се собрале во трговскиот кварт на Хонгконг.

Голем број полициски сили се распоредени денеска низ улиците на градот по повод 23-годишнината од враќањето на некогашната британска колонија под управа на Кина. Кинеските власти првпат оваа година го забранија традиционалниот марш во Хонгконг по повод овој настан.

Парламентот во Пекинг вчера го усвои спорниот закон за национална безбедност, со кој се казнуваат субверзивни активности, сецесии, тероризам и договарања со странски сили. Со овој закон кинеското правосудство ќе биде надлежно за „тешки“ кршења на безбедноста, а за таквите дела е предвидена доживотна затворска казна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Русија направи голема отстапка што не ја зазеде цела Украина

Дејан Дејан

Европска комисија: Прославата на Денот на победата во Москва е руска пропаганда

Дејан Дејан

Над 128.000 луѓе му оддале почит на папата Франциск во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе