Избори 2020 Македонија

Меѓаши: Децата да не се користат како инструмент во кампањи

Првата детска амбасада во светот Меѓаши денеска упати апел до политичките партии, Основното јавно обвинителство, Државната изборна комисија и медиумите дека децата треба да се третираат сериозно, а не да се користат како инструмент во кампањи.

-Крајно сме разочарани и револтирани од неодговорниот однос на сите политички и институционални чинители кон децата и нивните права за време на предизборната кампања. Трет пат апелираме до сите политички партии, до Државната изборна комисија, до Основното јавно обвинителство и до медиумите да го сменат својот однос и покажат дека децата се важни за нив, секој во рамки на своите надлежности, се вели со соопштението од Меѓаши.

Од Меѓаши информираат дека вчера доставиле до Основното јавно обвинителство (ОЈО) информација за инволвирање на децата во политички кампањи и неколкукратно прекршување на нивните права. Во доставената информација, како што се наведува, дадени се линкови, на конкретни примери на злоупотреба на деца во политичката кампања, на увид на ОЈО. Од Меѓаши очекуваат соодветна реакција.

Потсетуваат дека вчера апелирале и до Државната изборна комисија (ДИК) за прекршување на правата на децата во кампањите на политичките партии, како и злоупотребана децата и детскиот свет.

-Како институција што е одговорна за обезбедување услови за демократско и слободно спроведување на целиот процес на предвремените парламентарни избори – од предизборната кампања, се до денот на изборите, очекуваме дека ДИК ќе преземе соодветни мерки кон политичките партии во насока на заштита на правата на детето и најдобриот негов интерес, стои во соопштението.

Од медиумите , како што се наведува, очекуваме да бидат главни актери во подигнување на свеста за заштита на правата на детето, да отвораат теми и дебати од едукативен и информативен карактер со цел подобро разбирање на тоа што значи злоупотреба на правата на децата во политички кампањи. Потсетуваат дека е забрането емитување на политички рекламни спотови во кои се вклучени деца.

Од Меѓаши апелират третпат до сите политички партии што учествуваат во изборниот процес да ги повлечат сите рекламни спотови во кои, како што се наведува, на кој било начин ги злоупотребуваат децата со цел постигнување политички поени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе