Ковид19 Македонија

Пополнети 35 болнички кревети на штипското Инфективно одделение

Триесет и петте болнички кревети на штипското Инфективно одделение се пополнети. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина  Шуманска вели дека на одделението се лекуваат 34 пациенти со дијагноза Ковид-19, а еден е сомнителен и се чека неговиот резултат од земениот брис. Раководството на болницата секојдневно проценува дали е потребно или не да се ослободи одделот за Неврологија, а тие пациенти да се преселат на Интерното одделение.

-Ситуацијата е таква, што пациентите кои можат да се лекуваат во домашни услови, се испраќаат дома, оние пациенти кои треба да лежат во болница се на одделението. Морам да кажам дека ситуацијата е под контрола, доколку има потреба се вклучуваат неколку кревети, кои секогаш се на располагање на Инфективното одделение, а и информирани се вработените на Неврологија, доколку има потреба да се ослободат некои простории, вели Шуманска.

На Инфективното одделение се лекуваат пациенти со коронавирусот од целиот источен регион, нивната состојба е средна, а има над пет пациенти, кои се со потешка, односно имаат потреба од повремена кислородна поддршка. Инфектологот, Дијана Шишкова за МИА вели дека секојдневно се следи состојбата и се одлучува, дали е потребно да се ослободи одделението за Неврологија во зависност од бројот на пациентите. Таква одлука денеска ќе нема, со оглед на бројот на пациентите  на Инфективното одделение.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: ДУИ прво ме контактираа мене со цел да ја растурат коалицијата „Вреди“

Дејан Дејан

Меџити: Членството на АА не сака да биде „гума за спасување“ на ДУИ

Дејан Дејан

Во Алијансата за Албанците не размислуваат сите како Таравари, тврди Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе