Вести Македонија Најважни

Македонија не ги исполни здравствените параметри, границата на ЕУ останува затворена

Границите на Европската унија остануваат затворени за македонските граѓани. Европската совет ја објави листата на земји за кои ги крева рампите за влез. Македонија не е меѓу нив. На листата се наоѓаат 14 држави Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Црна Гора, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај. И Кина е на листата како 15-та, но со услов на реципроцитет, поточно ако таа ги затвори границите за европските граѓани, тогаш и нејзините нема да можат да влезат во Унијата.

Македонија не ги исполни здравствените параметри за да можат нејзините граѓани да патуваат во ЕУ.

„Бројот на нови случаи на Ковид-19 во изминатите 14 дена на 100.000 жители треба да биде блиску или под просекот на ЕУ (како што е наведено на 15 јуни 2020)“.

Тој просек е 16 заболени, додека земјава има седум пати повеќе, поточно во изминатите 14 дена има 94 заболени на 100.000. Освен ова, земјите за да добијат зелено светло треба да имаат и стабилна бројка на заболени или таа да се намалува во период од две недели, а се анализира и бројот на тестирања, надзорот, следењето на контактите, третманот на заболените.

Иако се работи за препораката од Советот која не е легално обврзувачка и земјите-членки се одговорни за нејзиното спроведување, тие можат да ги укинат ограничувањата на патувањето само кон наведените земји.

„Земја-членка не треба да донесен одлука да ги укине рестрикциите за патување кон трети земји кои не се на листата, пред пред за тоа да се донесе одлука на координиран начин“. 

Доколку во некоја од земјите нагло се влоши состојбата со коронавирусот, и пред истекот на двете недели до ревизијата, таа може да се најде на листата на забранети земји.

Од регионот на листата, освен Македонија, не се најдоа и Албанија, Босна и  Херцеговина и Косово. Освен во земјите од ЕУ, нивините граѓани нема да можат да патуваат ни во Норвашка, Швајцарија, Исланд, Лихтенштајн, кои се дел од од Шенген зоната.

 

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Терапијата која недостасуваше, пристигна на Онкологија

Дејан Дејан

Муцунски загрижен: Македонија може да ја пропушти 2030 година за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Притвор и мерки на претпазливост за три лица во продолжената акција „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе