Македонија Најважни

Сами шетаат низ Скопје за да се тестираат по втор пат

Болните од Ковид 19 пред да бидат прогласени за излекувани, за вториот контролен тест одат сами на четирите скопски пунктови каде даваат брис за контрола. Оваа промена е направена пред десетина дена за Скопскиот центар за јавно здравје.

Откако заболените што се лекуваат во домашни услови, а не во болница-ќе го добијат првиот негативен тест, по неколку дена наместо да чекаат мобилен тим за да земат брис, тие самите одат на пунктовите. Им се кажува време и место, а во зависност од делот во Скопје каде живеат добиваат термин во Јане Сандански, Идадија, Чаир или Гази Баба. Тие не смеат да одат на второто тестирање со градски јавен превоз туку треба да бидат префрлени со автомобил и од некој близок. Претходно Центарот за јавно здравје ја известува и полицијата дека лицата кои се водат како заболени ќе го напуштат домот каде се во изолација.

Најголем дел од вторите контролни тестирања се негативни, но според информациите од Телма има и случаи кога вторите тестови се позитивни односно пациентот и покрај тоа што е пред излекување сепак се уште е активен заболен. На овој начин е олеснето функционирањето на екипити кои теренски земаат брисеви, иако останува ризикот од оние кои се уште се позитивни. Мобилните екипи продолжуваат и со теренско земање на брисеви на оние кои имаат сериозни сиптоми или пак не може да се движат низ градот.

Новата тактика е почната во време на разрешениот директор Зибери, а продолжува и сега по неговата смена, откако Комисијата за заразни болести донела таква препорака и одлука.

100 хоспитализирани пациенти има веќе втор ден по ред на Инфективната клиника, потврди за Телма директорката Милена Стевановиќ. Утрово имало 100 пациенти откако вчерашниот ден се примени 4-ца нови пациенти, а 6-мина се испишани. Завчера пак биле примени 16 пациенти, а биле испишани 9. Дел од испишаните се излекувани, но дел се препратени со лесна клиничка слика на клиниката во Козле. Таму се прифаќаат и се лекуваат според терапијата.

Сите кои ќе бидат пратени со упат од матичен лекар на Инфективна, се прегледуваат во амбулантата и во зависност од проценката се праќаат во Козле, остануваат на клиниката или се враќаат дома, тврди Стевановиќ.

Монтажната болница во моментот е празна бидејќи таму се вградува централен систем за кислородна поддршка за сите 70 кревети колку е капацитетот. За неколку дена тоа ќе заврши и ќе се користи и монтажната болница, ни изјави Стевановиќ.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ивановска: Собранието ги избира членовите за кандидати и тоа треба да го зајакне надзорот

Дејан Дејан

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

Поранешна директорка во ТЕЦ Неготино приведена во истрагата заедно со претседателката на Антикорупциска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе