Македонија

Зибери разрешен за злоупотреба на функцијата, ДУИ обвинува за политичка одмазда

Тридневните препукувања меѓу директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје и министерот Филипче, завршија со разрешување на Арбен Зибери. Разрешувањето следи откако Зибери на фејсбук се пофали дека тој лично, како член на Комисијата за заразни болести, издејствувал  да се отворат границите за иселениците да можат да се вратат дома и да гласаат на изборите за премиер Албанец, без притоа да мора да бидат тестирани и да одат во 14-дневна изолација. Министерот изјави дека нема да дозволи никој да поентира политички со злоупотреба на функцијата. Тонско Венко Филипче, министер за здравство.

Зибери вчера го обвини Филипче дека сака да го разреши затоа што неговиот чичко, Насер Зибери, е кандидат на ДУИ за премиер. Денеска излезе со соопштение во кое вели дека, и` служел на оваа земја со голема лојалност и посветеност.

Од ДУИ остро го осудија потегот на Филипче, велејќи дека е пресметана одмазда со дневно- политичка цел, насочена против семејството на кандидатот за премиер, Насер Зибери.

Ова е четврто разрешување на директор од страна на Филипче, од почетокот на кризата со корона вирусот. На местото на Зибери, за в.д. директор назначен е д-р. Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

Дејан Дејан

Ивановска: Собранието ги избира членовите на ДКСК и тоа треба да го зајакне надзорот

Дејан Дејан

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе