Не е време за спуштање на гардот за заштита од панедмијата со Ковид-19 и сите случаи треба да бидат идентификувани и ставени во изолација за да се спречи понатамошнотот ширење на вирусот. Ова е препораката на СЗО до земјава која денеска ја пренесе советникот на регионалниот директор на Организациијата за Европа, Фабиот Скано. Според него треба внимателно да се пристапува кон олабавување на мерките за заштита, при што во контекст на отоврање на границите без контрола рече дека ќе треба внимателно да се следи состојбата и да се идентификуваат сите нови случаи .
Скано одговорот на властите на панедмијата ја оцени како силна, со ставање на системот во функција, со навремена препознавање на заразените. Ја пофали земјата и во делот на спречување заразата да се рашири во старските домови и избегнување на сценарио кое се случи во некои држави. Тој имаше и некои забелешки и препораки.
Министерот за здравство кој рече дека земјава се соочува со втор посилен бран од првиот, рече дека системот во земјава е целосно проилагоден кон новата состојба, при што освен одговорот на институциите, рече дека клучна е поддршката од граѓаните.
Претставниците на СЗО кои изминативе денови имаа средби со Комисијата за заразни болести, ги посетија Центрите за јавно здравје, болниците, лабораториите, ја пофали транспарентноста и споделувањето на информации од страна на земјава за состојбата со Ковид-19.
Тамара Грнчароска