Mагазинoт за родителство 0м+ се емитува секој понеделник во 12 часот и 45 мин. Емисијата нуди информации за растот и развојот на бебињата и малите деца.
Мајките, татковците и членовите на потесното семејството во 0м+ добиваат корисна содржина која може да им помогне во различните фази на родителството: од бременоста, пораѓањето, грижата за новороденчесто, раното детство и периодот на училишна возраст на нивноо дете.
Во емисијата гостуваат стручни лица од разни области кои даваат концизни и јасни совети како да се решат малите и големи родителски предизвици. Особен акцент е ставен на здравите детски оброци и начинот на нивна брза домашна подготовка.
Водителка е Марија Атанасовска. Сите емисии може да ги гледате со клик на фотографијата или на следниот линк.