Вести Македонија

ЛДП, ДОМ и Демократски Сојуз на средба со Мишел, НСДП го поддржа францускиот предлог

Помалите партнери во коалицијата на СДСМ (ДОМ, ЛДП и Демократски Сојуз) ќе се сретнат со претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел којшто е во посета на Македонија во врска со францускиот предлог за преговарачката рамка.

Претставници на една од партиите за Телма потврдија дека ќе остварат средба со Мишел. ЛДП; ДОМ и Демократскиот Сојуз бараат дополнителни гаранции, а се уште не се изјасниле за францускиот предлог. Најверојатно тоа е причината поради што на денешниот прелиминарен распоред за работа на владината седница, го нема францускиот предлог.

-Кога ќе почне седницата и ќе биде утврден дневниот ред, ќе бидете информирани, кратко ни одговорија од прес службата на Владата.

ЛДП чиј претседател е министер за локална самоуправа Горан Милевски најави дека партиските тела се уште не го разгледале и не донеле одлука за францускиот предлог и дека тој во моментот нема да гласа позитивно на владата.

Од друга страна, Извршниот одбор на НСДП, наведе дека ставајќи го државниот интерес во преден план, одлучи да го прифати компромисниот „Предлог на Француското претседателство“ за решавање на спорот со Република Бугарија и отпочнување на преговорите со Европската Унија, имајќи го, како што се вели во соопштението од партијата, во предвид политичкиот моментум во кој се наоѓа Република Северна Македонија, исправена пред стратешки предизвици од кои зависи иднината и правецот во кој ќе се движи државата.

– Овој компромисен предлог е во рамките на Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија од август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции од јули 2021 година. Со овој предлог македонскиот јазик како најбитен идентитетски белег станува рамноправен јазик во Европската Унија и целокупната правна документација на Европската Унија ќе биде преведена на кодифицираниот македонски јазик и македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Европската Унија, се вели во соопштението од НСДП, од каде бараат Владата на Република Северна Македонија храбро да истапи и да го прифати „Предлогот на Француското претседателство со Европската Унија“.

Шарл Мишел во посета на Скопје – во знак на поддршка на француската предлог преговарачка рамка

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе