Вести Македонија Најважни

Македонско-бугарски релации: Со дијалог и доверба до решавање на отворените прашања

Се прават големи чекори во унапредувањето на билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија. Почнаа со заедничката седница на двете влади, а соработката треба да продолжи на широко и сеопфатно поле.

Вака премиерот Димитар Ковачевски ги објасни очекувањата од академските заедници, граѓанските организации, локалните единици и другите канали за комуникација. Уверен е дека градењето доверба ќе доведе до резултати и на политичко поле, со решавање на сите отворени прашања, па и оние „најтешките“.

-Двете влади се определија да водат политики на градење мостови, а не љидови. Со тоа двете држави покажуваат одговорност кон своите граѓани за постигнување достоинствени решенија за двата народи за подобрување на животот на граѓаните. Постигнавме согласност заедно да ја попречуваме недобронамерната пропаганда доколку се појави внатре во државите, заедно да бидеме против говорот на омраза и заедно да го поразиме национализмот, рече премиерот Димитар Ковачевски.

„Нашите две земји треба да бидат пример на Балканот за партнерство врз европски стандарди“, вели известувачот за Македонија во европскиот Парламент, Илхан Ќучук. Охрабрен е од добрата енергија кај владите на двете земји. Очекува во рамки на националната процедура и со гаранции на Европската унија, да се реши барањето за внесување во Уставот на Бугарите во Македонија, како и на Хрватите и Црногорците. Но,  некаков реципроцитет не дозволуваат различните устави.

-Има различни уставни модели во Бугарија и во Северна Македонија. Треба да се концентрираме на важните теми, а тие се во рамките на 4+1. Тоа дава добра основа за враќање на довербата, на договорот од 2017-та, добра основа да продолжи решавањето на отворените прашања во иднина. Не мислам дека тешките прашања треба да се остават на страна, но тие можат да се решаваат заедно со  образовните, културните и инфраструктурните прашања, изјави известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук.

„Не бегаме од отворените прашања. Но не можеме да дозволиме односите меѓу Македонија и Бугарија да се темелат само на тие прашања“, вели вицепремиерот Бојан Маричиќ. Тој е против дефинирање и обврзување со некакви рокови.

-Утврдувањето и јавното искажување рокови до сега воопшто не ни помогнаа во разговорите. Затоа, не е добро да лицитираме со временски рокови.

Ние `се уште сме во фаза кога изнесуваме позиции и од едната и од другата страна и бараме начини како отворените прашања по кои имаме различни позиции, да ги решиме и да ги ставиме во еден план што ќе `не доведе до подобрување на односите и до отстранување на пречките за почнување преговори, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

На конференцијата наречена БГМК 2030 беа разгледани повеќе можности за подобрување на соработката меѓу универзитетите и општините. Организатори во граѓанскиот придонес  се Либералната интернационала и Американскиот универзитет во Европа – ФОН.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе