Економија Најважни

Домаќинствата плаќале 7,3% за субвенциите за обновливи извори, Анѓушев се жали се уште не си ги вратил парите за хидроцентралите

Секое домаќинство во земјава на сметка за струја од 2.000 денари без ДДВ месечно плаќало по 146 денари или годишно уште една сметка од над 1.700 денари за субвенциите за обновливите извори на енергија меѓу кои се и малите хидроцентрали. Тие во сметката за струја учествуваат со 7,3 проценти. Ревизијата откри дека државата преку повластената тарифа  им плаќала на концесионерите по 81 евро за мегават час за произведената струја која на берзите во просек чинелка по 44 евра. Или за 9 години тие добиле 90 милиони евра, за струја која на пазарот чинела 49 милиони,што е 41 милион евра повеќе од пазарната вредност на струјата.

Но во чии раце се малите хидроцентрали во земјава?

Политичари, бивши функционери,странски и домашни бизнисмени звучни имиња има на листата на тие кои добиле најмногу пари од државата. 10 фирми  од 2010 до 2019 година добиле најмногу пари – од колачот од над 90  тие добиле над 62 милиони евра.

Прва на листата со  речиси 12 милини евра, за 7 мали хидроцентрали добила фирмата Мали Хидро Електрани каде еден од сопствениците е поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Тој во изјава за Телма  вели дека нема никава грижа оти последната Уредба за обновливи извори е донесена додека тој седеше во вицепремиерското столче во Владата. Вели во таа уредба не се смениле повластените тарифи, туку имало промени во делот кај другите извори на енергија како ветерниците, а тој ветерници немал.

Извештајот на ревизорите за него не е баш точен, бидејќи тие не зеле во предвид дека кога добиле на огласот за концесија тие околу 100 мали хидроцентрали уплатиле 20 милиони евра во буџетот. Анѓушев учествува во сопственоста на околу 25 мали хидроцентали, преку компанијата Фероинвест каде што се врати откако заврши со вицепремиерската функција. За овие седум за колку што добиле пари од државата, вели се уште не си ги вратиле парите.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, беше сопственик на мали хидроцентрали. Но и советник на поранешни премиери токму за енергетика. И тој смета дека ревизорите имаат погрешни заклучоци.

За неправилностите кои ги открија ревизорите во целиот процес околу концесите – рекоа дека виделе ерозија на цел тој систем на концесионирање. Препорачаа  државата пазарно да ги прилагоди повластените тарифи.

Од владата денеска не одговорија на нашите прашања. А од министерството за економија рекоа дека  за менување на повластената тарифа треба правна анализа оти концесионерите имаат договори на 20 години. А активни во моментов концесионерите имаат и со Министерството за економија и со тоа за животна средина.

Од Регулаторна одговорија дека повластените тарифи кои се исплаќаат на концесионерите за хидроцентралите се од 4,5 до 12 евроценти за киловат час испорачана струја.

Наодите на ревизорите се пратени до Обвинителството. Од таму велат дека е оформен предмет, јавен обвинител ги проверува наводите на ревизорите и испитува дали во нив има елементи на кривично дело.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски размислува за данок за немажени и неженети – невладините препознаваат голема дискриминација и репресија

Дејан Дејан

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе