Вести Македонија Најважни

Пандемијата втурна 19.000 деца во сиромаштија

Пандемијата со Ковид 19 ќе втурне во сиромаштија дополнителни од 19.000 до 22.000 деца. Ако пред неа околу 120.000 живееа со под 60 проценти од просечниот доход, по неа бројот ќе се искачи на околу 140.000 деца. Или стапката на релативна сиромаштија ќе порасне за 4,6 проценти – од 27,8 пред пандемијата – на 32,4 проценти по неа. Тоа значи дека секое трето дете во земјава е на работ на егзистенцијата. Ова го покажува истражувањето на Finance Think  објавено од УНИЦЕФ и поддржана од УСАИД.

Значи имаме медијален доход. Сите што спаѓаат под 60 проценти од тој медијален доход се сметаат за сиромашни. Точната бројка не ја знам во моментов. Отприлика 120.000 деца биле под прагот на сиромаштија пред пандемијата. На оваа бројка проценката е дека ќе се додадат просечно 19.000 деца.

Анализата покажа дека се зголеми и насилството врз децата.  Веднаш по избувнувањето на пандемијата бројот на пријави за насилство врз деца порасна за 14,7 проценти.

Додека пак учењето од далечина остави без пристап до образование голем број деца, особено од ранливите групи. А карантините, он-лајн учењето и социјалната дистанца негативно се одразија на нивното менталното здравје – се зголеми стресот и анксиозноста, предупредуваат експертите.

Дел од стресот и анксиозноста е од самото затворање на училиштата и намалувањето на социјалниот контакт, што можеби само по себе ќе исчезне кога децата ќе се вратат во училиште. Дел е предизвикано од протоколите а дел од тоа што децата не знаат како ќе се снајдат, што понатаму-

Владата донесе 6 пакети мерки со цел да се намалат последиците од пандемијата, но сепак адецата биле ретко таргетирани во нив.

Тоа се одрази и врз вкупниот буџет во 2020-тата година каде што иако вкупните расходи забележаа пораст, програмите за деца забележаа намалување. Децата во поголема мера беа заштитени на индиректен начин, преку оние мерки што се однесуваа на заштита на приходите, меѓутоа тоа ни покажа дека системот мора да се прилагоди на начин каде што ќе ги заштити најранливите деца особено во услови на шокови

 

Се надеваме дека ќе ги согледаме ефектите кои што ќе траат уште многу години во иднина и дека сега ќе го изградиме скелетот за обновата за реконструкцијата како и ќе се погрижиме тие ефекти по децата да бидат најминимални.

Децата не се лицето на оваа пандемија, но тие се меѓу нејзините најголеми жртви- порачаа експертите. Велат отворањето на училиштата мора да биде приоритет. Порачуваат да се стегнат механизмите за превенција од насилство, да се надминат ризиците од одложување на неопходните здравствени прегледи на децата, и да имаат пристап до психосоцијалната поддршка.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Кај некои воодушевување, кај некои мала паника – т.н. „рол облак“ на плажите во Португалија

Дејан Дејан

Републиканците пред усвојување на законот за даноци, демократите со сите сили се обидуваат да го спречат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе