Во првите шест месеци од 2025 година, од наплата на патарини се инкасирани над 1,9 милијарди денари или повеќе од 30 милиони евра, што е зголемување за 78 милиони денари во споредба со истиот период лани, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта.
Значаен раст бележи електронската наплата преку М-таг и М-карта уредите, што укажува на зголемена дигитализација и побрз проток на сообраќај на наплатните станици.
Собранието неодамна изгласа законски измени со кои се отвора можност за поставување мрежа на малопродажни места низ целата држава за продажба и надополнување на М-карта и М-таг уредите, што досега беше можно само во просториите на ЈПДП. Ова ќе овозможи поголема достапност за корисниците, особено во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, каде досега се регистрирани 5077 македонски и 8.500 српски тагови.
Дополнително, во тек е подготовка за воведување електронска наплата и на делницата на Коридор 8 кај наплатната станица Миладиновци, со што ќе се унапреди системот и ќе се намали времето на чекање.