Вести Свет

Лагард: Посилен единствен пазар на ЕУ за борба против царините

Европската Унија треба да одговори на царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп со зајакнување на својот единствен пазар, порача претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард.

– Секако, САД се голема земја, важно место, а исто така и важен трговски партнер за нас. Но, она што треба да го направиме е да си ја средиме сопствената куќа, изјави денеска шефицата на централната банка за германското радио.

Имаме огромен потенцијал во Европа, рече таа и ја нагласи важноста да се обезбеди слободно движење на стоки, капитал и луѓе во рамките на заедницата, пренесе ДПА.

Лагард повика да се надминат внатрешните бариери и дополнително да се усогласат процедурите за лиценцирање и другите национални барања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе