Законска, финансиска и институционална помош, е барањето на здружението „16 март“ испратено до премиерот, Христијан Мицкоски, до претседателот на собранието, Африм Гаши и до претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова.
Тие доставија барања и до ОЈО Кочани за остварување на средба со претставници од Судска медицина, како и за аудио и видео запис за време на судската постапка за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.
Здружението „16 март“ за сабота (5 јули) со почеток во 18:05 часот најавија и нов „Марш на ангелите“ кој ќе почне од Паркот на револуцијата во Кочани.