Обвинението против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски е одбиено затоа што јавниот обвинител се откажал од случајот, што е официјално потврдено со пресуда на Основниот суд во Куманово… Димитриевски беше обвинет за злоупотреба на службената положба, во врска со суспензијата на детален урбанистички план, што предизвика реакции од сопственици на градежни компании кои тврдеа дека имаат финансиски штети… Градоначалникот, пак, изјави дека дејствувал во интерес на граѓаните, со цел да ги заштити нивните живеалишта од негативни последици од новата градба… Пресудата е донесена според член 402 од Законот за кривична постапка, што значи дека постапката е прекината поради откажување од обвинението од страна на јавниот обвинител…