Пет лица, меѓу кои и деца на возраст од 7 и 9 години, се повредени во масовниот руски напад со дронови врз Одеса во текот на ноќта, изјави началникот на регионалната воена администрација на Одеса, Олег Кипер, на апликацијата Телеграм.
-Децата се отруени од производи на согорување и се хоспитализирани. Тројцата повредени возрасни жители на градот исто така добиваат медицинска помош, рече Кипер.
Нападот предизвика штета на повеќекатна станбена зграда и друга цивилна инфраструктура, додаде тој.
-Во становите на жителите на Одеса каде што паднаа соборените дронови избувна пожар, кој брзо беше изгаснат од пожарникарите. Шест станови беа целосно уништени, а уште 36 станови беа делумно оштетени, рече Кипер во соопштението.