Вести Македонија

Уставен не најде дискриминација кај судијата Димовски

Судијата од Граѓанскиот суд Андреј Димовски не бил дискриминиран од Судскиот совет, утврди Уставниот суд каде судијата побара заштита на слободите и правата. Тој се жалеше дека не е правилно оценет за  периоидот додека работел во Европкиот суд за човекови права а бодувањето и оценката влијаат и врз ранг листата за избор на судии. Со тоа бил ставен во понеповолна полжба со другите кандидати за унапредување во апелација . Од судски одговориле дека според методологијата, додека бил на обука во Стразбур му мирувала судиската функција и затоа не добил поени. Известителката на предметот , судијката Татјана Васиќ Бозаџиева рече не можеле да најдат друг таков сличен  случај во кој било постпано поинаку и предложи барањето да се одбие

-Не може да се утврди постоење на дискриминација врз подносителот со оглед на тоа што нема компаратор, односно лице кое се наоѓало во слична ситуација а е различно третиран, вели Татјана Васиќ Бозаџиева, уставна судијка

Иако смета дека нема поведа во случајот со Димовски, Васиќ Бозаџиева истакна дека обуките на судиите ангажирани во меѓународни судови треба да се вреднуваат за судиите да не ги доживуваат како дестимулацција.

Пред почетокот на расправата за овој предмет претседатлеот на Уставен Дарко Костадиновски побара изземање за да се избегне судира на интереси и излезе од салата. Неговата сопруга Цветанка Силјаноска Костадиновска беше една од 6 мината судии кои беа унапредени во скопска Апелација на огласот на кој конкурираше и Димовски.

Судјата ја поднел иницијатива до Уставен уште пред нова година но неговиот предмет се најде на седница денеска по повеке од еден месец откако судски ги избра новите апелациони судии.

Поради начинот на кој бил оценет Димовски го тужеше Судскиот  совет  пред Управниот суд но судот ја отфрли неговата тужба на 17 јуни.

Елена Муковска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе