Пожарот кај селото Грчиште Валандовско е под контрола и засега нема опасност да се прошири кон Богданци. Вчера попладне во пожарот се зафатиле неколку штали, а локални жители биле евакуаирани, но подоцна е ставен под контрола и селото не е во опасност. Заменик генералниот директор на Национални шуми, Кире Михаилов е на терен и вели дека засега состојбата е стабилна.
Покрај пожарникарите од Валандово, во гасењето на пожарот учествувале и пожарникари од Струмица, дојран, Гевгелија, Радовиш и Кавадарци и еден хелихоптер на МВР.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека повторно се ангажирани и двајца пензионирани пилоти на ертракторите, со цел да помагаат во случаи на пожари во текот на летниот период. Во моментов во функција е само еден од трите ертрактори, додека вториот очекуваат да се врати од сервид во Австралија.
Сузана Мицева