Вести Економија Најважни

Повисоки цени во однос на мај – услов за активирање на владини мерки

Повисоки цени во однос на мај или зголемена инфлација. Ова се двата параметрa кои денес министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ги постави како услови за воведување на мерки за ограничување на растот на цените. Кои мерки ќе се применат засега не е познато и дали тие би биле краткорочни или на среден рок.

Се чека на извештајот на пазарната инспекција која минатиот месец вршеше контроли во маркетите како и на Статистика која треба да ја измени инфлацијата. Само за потсетување, во мај пазарна соопшти дека цените на лебот, млекото, брашното и маслото се поскапени до 7 проценти но кога станува збор за местото Пазарна измери 15 отсто повисоки цени веднаш штом мерките за ограничени маржи завршија.

„Ако инфлацијата е на ова ниво што е, тоа е прифатливо и е во стабилна форма. Ако инфлацијата оди погоре, да речеме 4 проценти или повеќе од 4 проценти, тогаш нормално дека тоа е алармантно и ние нормално дека ќе реагираме. Овие проценти, ако истите се зголемени во наредниот месец, тогаш нормално дека ќе направиме мерка со која ќе им излеземе во пресрет на граѓаните и ќе ги намалиме цените на овие производи“, порача министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Дурмиши  тврди дека иако рокот до 30 јуни е испуштен бидејќи не се исполнети обврските како укинување на парафискалните давачки средствата од планот за раст речиси 12 милиони евра ќе бидат повлечени иако не даде одговор зошто е испуштен рокот.

„Оптимизирани се околу 28 парафискални давачки. Се чека да се оптимизираат уште три давачки кои се однесуваат на издавање на лиценци за алкохол“, додаде Дурмиши.

Кога станува збор за оперативниот план за вработување, податоците на Економија се дека досега 6.026 лица аплицирале за отворање на сопствен бизнис, 1.110 фирми аплицирале за преземање на невработени млади лица а се отвара и нова опција за практикантство со која работа ќе можат да најдат уште 1.400 невработени.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе