Вести Македонија

Власта до СДСМ: Немате легитимитет да повикувате на нацинален консензус

Еден ден откако опозицијата повика на национален консензус за македонските евроинтеграции, од власта денеска со порака – немате легитимитет да повикувате на такво нешто. Премиерот Мицкоски тврди дека Владата со месеци наназад бара консензус, додека пак, опозицијата ја обвини дека ѝ штети на позицијата на државата на европскиот пат. Лидерот на СДСМ, Филипче, вчера се сретна со еврокомесарката за проширување Марта Кос, а потоа даде оценка дека Македонија една година стагнира на европскиот пат и испрати повик до сите политички чинители во земјата.

Ние додека се бориме да го повратиме тоа на меѓународна сцена, тие не бираат средства како од позади грб да нѝ стават нож во грб, мислејќи дека така ќе им се допаднат на тие коишто не ѝ мислат добро на Македонија. Опозицијата ја испушта својата прилика да се консолидира, да се построи во редот на бранители на македонските интереси и на тој начин колку-толку да поврати дел од изгубениот кредибилитет, вели Христијан Мицкоски-претседател на Влада.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во изминатите два дена престојуваше во Скопје на Самитот за Планот за раст. Зборуваше за евроинтеграциите, за реформите и за уставните измени како главен услов за почеток на преговорите со Унијата. Се осврна и на македонскиот идентитет со порака дека тој не зависи од никакви политички одлуки туку од чувствата и традициите, манастирите, погачата, тавче-гравчето. Премиерот одговори дека идентитетот е повеќе од гастрономија. По ова, со реакции се јавија дел од партиите. Од ДУИ обвинија дека извори блиски до власта се обидуваат изјавата на Кос да ја претворат во кампања на омраза. Реакција стигна и од Социјалдемократскиот сојуз.

Како јазикот, така и идентитетот се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ. Не сметаме дека еврокомесарката имаша лоша намера, но апелираме кога се говори за чувствителни прашања и теми кои за жал непотребно се отвораат иако се јасно затворени, треба да се биде внимателен во изјавите, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Макединија.

Кос вчера испрати порака дека за Европската комисија, ситуацијата е многу јасна – доколку земјата ги исполни обврските и ги направи уставните измени, меѓувладината конференција ќе се одржи без дополнителни условувања. Премиерот Мицкоски, пак, излезе со став дека власта работи да му покаже на светот што се крие позади тоа што се претставува како едноставна работа, дека останаа само уставните измени и завршено е сѐ. А, за нарушените позиции во Европа, ја обвини поранешната власт.

 Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Следниот четврток европратениците ќе гласаат за недоверба на Комисијата на Фон дер Лајен

Дејан Дејан

Во сообраќајна несреќа загина фудбалерот на Ливерпул Диого Жота

Дејан Дејан

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе