Вести Свет

Киев: Одложувањето на американската помош ќе ја охрабри Русија да продолжи

Секое доцнење или прекин на американската воена помош за Украина само ќе ја охрабри Русија да ја продолжи инвазијата, соопшти украинското Министерство за надворешни работи откако го повика на разговор американскиот вршител на должноста амбасадор во Киев.

Украинската страна нагласи дека секое одложување или прекин на поддршката за одбранбените способности на Украина ќе го охрабри агресорот да продолжи со војната и теророт, наместо да бара мир“, стои во соопштението.

САД претходно објавија дека прекинуваат дел од испораките на оружје поради загриженост за сопствените намалени резерви, во време кога Русија ги засилува нападите врз Украина.

Советникот на претседателот Володомир Зеленски, Дмитро Литвин, изјави дека Киев се обидува да ја разјасни ситуацијата со Вашингтон. „Комуникацијата со американската страна продолжува на сите нивоа“, рече Литвин.

Украинското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека не било официјално известено за прекин на испораките и побара разговор со американските колеги за дополнителни појаснувања

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Следниот четврток европратениците ќе гласаат за недоверба на Комисијата на Фон дер Лајен

Дејан Дејан

Во сообраќајна несреќа загина фудбалерот на Ливерпул Диого Жота

Дејан Дејан

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе