Вести Македонија

Сиромаштијата расте, социјалната помош стагнира

Додека цените на основните производи постојано растат, социјалната помош останува речиси непроменета со години. Илјадници граѓани кои живеат на работ на егзистенцијата чекаат дали конечно ќе добијат повисоки надоместоци, но засега, одговорот е неизвесен.

На денешната прес-конференција, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, порача дека можност за зголемување на социјалната помош постои, но зависи од државниот буџет.

„Ние сме ги отвориле сите закони и очекуваме од сите вклучени страни да ги кажат своите предлози. Ние не сме за да нема покачување, но се зависи од нашиот буџет“, изјави Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади.

Според извештаите на Народниот правобранител, над 600 лица во земјава немаат основни документи, државјанство или пристап до институции – поради што не можат да остварат ниту здравствена заштита, ниту образование, ниту социјална поддршка.

Омбудсманот постојано алармира дека крајно време е државата да им овозможи пристап до правата што им следуваат по закон.

„Околу државјанството проблемот не е само во нашето министерство туку тоа е гама проблем кој ги опфаќа сите други министерства. Ние сме во постојан контакт со премиерот и другите министри за што поскоро да најдеме решение за овој вековен проблем“, додаде Лимани.

Право на гарантирана минимална помош во јуни имале 27.359 домаќинства, а таа изнесувала 5.445 денари.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе