Вести Свет

Кремљ: Колку помалку оружје за Украина, толку поблиску е крајот на војната

Кремљ ја поздрави одлуката на САД ги прекинување на дел од испораките на оружје за Украина и оцени дека секое намалување на американската воена помош значи поблиску до крајот на војната.

„Сфаќаме дека причината за оваа одлука е недостиг на оружје во американските магацини. Во секој случај, колку помалку оружје се испорачува на Украина, толку поблиску е крајот на специјалната воена операција“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според западни медиуми, Пентагон престанал со испораките на некои противвоздушни ракети и високопрецизни муниции поради загриженост за сопствените резерви. Висок украински пратеник ова го оцени како „болно“ за обидите на Киев да се одбрани од зголемените руски воздушни напади во последните недели.

Песков, исто така, изјави дека Франција ја побарала телефонската комуникација меѓу претседателите Емануел Макрон и Владимир Путин, што била прва директна средба по речиси три години. Разговорот, кој траел повеќе од два часа, бил „многу содржаен“ и опфатил теми како војната во Украина и конфликтот меѓу Иран и Израел.

На новинарско прашање дали Макрон покажал подготвеност да разговара за мировни услови кои би ги признале новите реалности на теренот, Песков одговори: „Не, не покажа. Имаше размена на мислења, а разговорот опфати и детали. Ова беше добра можност за разјаснување на ставовите“.

САД запираат дел од помошта за Украина

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Голем пожар на Крит, гори и кај Вурвуру, се евакуираат луѓе

Дејан Дејан

Втор ден расправа за ребалансот на буџетот

Дејан Дејан

Изгоре автобус на ЈСП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе