Вести Македонија

Уставен пресече: Нема резидентно и нерезидентно население на попис

Незаконска и неуставна е категоризацијата на населението на резидентно и нерезидентно,  методологијата што се применуваше  на Пописот во  2021 година.

Уставниот суд ја прифати иницијативата поведена од  пратеникот од опозицискиот „Европски фронт“ Скендер Реџепи и ја укина ваквата одлука со која директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности.

„Уставниот суд оцени дека директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт (Методологијата) извршил категоризирање на резидентно и нерезидентно население, за што нема законско овластување, бидејќи Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година не предвидува категоризацијата на населението да се разработи со подзаконски акт“. Се наведува во соопштението на Уставниот суд на РСМ

На пописот во 2021 година беа преброени 1.836.713 лица како „резидентно население“, а како „нерезидентно население“, односно оние граѓани што се повеќе од 12 месеци во странство, беа  попишани 260.606 лица. Поради фактот што станува збор за укинувачка, а не поништувачка одлука, Судот напоменува дека Одлуката ќе се применува од моментот кога ќе биде објавена во Службен весник (за подзаконските акти кои ќе се носат во иднина), но нема да важи ретроактивно-за веќе спроведениот попис од 2021 година.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе