Вести Македонија

МНРиНТ: Уште едно семејство ќе биде евакуирано од Израел

Утре од Тел Авив ќе биде евакуирано уште една семејство, мајка и три деца, информираат денеска од МНР. Местата за нив се обезбедени преку израелското Министерството за транспорт, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел. Летот е планиран од Тел Авив до Атина.  Од  министерството повторно апелираат до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток каде што безбедносната состојба е сериозно влошена.

Согласно оваа, како и претходната евакуација реализирана со владин авион на 17 јуни, заклучно со 23 јуни, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 25. Меѓутоа, не сите изразиле подготвеност тоа да го направат веднаш. Се очекува следните денови дополнителен број на наши државјани да добијат можност за евакуација од Израел.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани сè до нивната безбедна евакуација.

Граѓаните можат да се обратат на следните СОС броеви:

📞 ‪+389 75 273 732 / ‪+389 75 268 736

или на дежурните телефони на Амбасадата во Тел Авив:

📞 ‪+972 54 500 8566 / +972 54 967 054

 

.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Ударот на САД врз Иран, од воен аспект, е ремек дело, тоа што нема радијација и жртви укажува дека нуклеарниот материјал бил евакуиран

Дејан Дејан

Катар: Иранскиот напад врз американската база мина без жртви и повредени

Дејан Дејан

(Видео) Иран ја нападна Ал-Удеид во Катар, најголемата воена база на САД на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе