Вести Македонија

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

На граничниот премин Богородица, колоната возила зад мене е подолга од три километри. Илјадници возила се распределени во шест колони и чекаат и до два часа за да ја поминат македонско-грчката граница.

А тоа создава многу нервоза, гужви и нетрпение кај патниците. Според регистерските таблички, во овој сообраќаен хаос пред границата, најголемиот број автомобили се на туристи од Србија, но има и  домашни и од други земји. Некои од нив бараат македонските гранични служби поинаку да се организираат и да се скрати времето за чекање.

Во обид да се направи побрз проток, од граничната полиција велат дека вклучиле две ленти и од оние за влез во државата, со цел патничките возила побрзо да ја минат границата.

Гужви има и на преминот Табановце, но, помали во однос на Богородица.

Таму, патниците велат дека српската граница ја минуваат многу побрзо од македонската.

Голем број патници се жалат и во групите на социјалните мрежи дека предолгото чекање на македонските граници создава метеж, но и ги одвраќа да ја користат земјава за транзит до Грција.

Во препораките што туристите си ги остават, сѐ почесто се спомнува Бугарија како подобар избор.

Доколку продолжи ваквиот тренд, тоа би било на штета и на пограничните места како Дојран и Гевгелија, кои развиваат локален туризам што главно се потпира на ноќевањата и користените услуги од транзитните гости.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се приклучи на израелската војна против Иран – нападнати трите клучни нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Чувството на осаменост во современиот свет е често

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе