Вести Македонија

Жена загина и тројца се повредени во сообраќајна несреќа во Охрид

Загина 45 годишна жена од Охрид, а три други лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 22:30 часот во Охрид, во близина на кружниот тек кај крстосницата меѓу булеварот Туристичка и улицата Јане Сандански.

Како што информираат од СВР Охрид за Плусинфо, патничко возило марка „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот И.С. од село Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, најпрво удрило во метален столб, а потоа и во двајцата пешаци – А.Б. (45) од Охрид и Д.П. (52) од Скопје.

Жената била итно префрлена во Специјалната болница „Св. Еразмо“, каде што лекарите констатирале смрт. Скопјанецот Д.П. се здобил со тешки телесни повреди, а и возачот и неговиот 19-годишен сопатник К.М. добиле повреди, констатирани во охридските болници.

Несреќата се случила кога возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитен столб и завршил на пешачка зона, каде што ги удрил двете лица. Се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на настанот –соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител, 22-годишниот возач И.С. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 2 од Кривичниот законик – „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. На местото на настанот извршен е увид од страна на полициска екипа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест на пелагониските сточари за лошата состојба во земјоделството

Дејан Дејан

На 58 повредени во пожарот во Кочани веќе им е дадена компресивната облека

Дејан Дејан

Граѓаните во банките најмногу се задолжиле со потрошувачки и станбени кредити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе