Вести Македонија

Заспиваат и се будат во чад и смрдеа – жителите на Добрашинци најавија тужби за горењето на депонијата Шапкар

Жителите на Добрашинци се закануваат со кривични пријави доколку итно не се реши проблемот со горење на депонијата Шапкар. Гневни се што речиси цела седмицa не може да се стави под контрола депонијата во која ѓубрето го фрлаат трите општини – Струмица, Босилово и Василево. Жителите велат дека се будат и заспиваат во чад, депонијата им е на само неколку стотици метри и селото е обвиено со смрдеа.

„Моментално сме решени тоа да го направиме. Ќе најдеме активисти или ако не бива сами, нека не штити законот. Ќе поднесеме кривична пријава за загрозување на животот и здравјето на луѓето во селото, најверојатно има некоја таква солуција во законот“, вели Ѓорги Вучковски, жител на село Добрашинци 

За жителите е неприфатливо што институциите се изземаат од одговорност и велат дека депонијата не е сама никната, туку три општини ја изградиле низ претходните децении.

„Кој е крив, кој е прав, тие нека кажат, ние нема ништо да зборуваме. Ќе го тужиме директорот на Комуналец Струмица, градоначалникот на Струмица и градоначалникот на Општина Василево, бидејќи тие еден на друг си ја префрлаат топката кој е крив. Ние не знаеме, па нека си решат. А ова нема да го трпиме веќе“, додава Вучковски. 

Депонијата гори на целата површина од околу 12 хектари. Од струмички Комуналец велат дека нејасно е како тргнал пожарот, но и покрај работата со земја, два булдожера и багер, како и секојдневното присуство на противпожарните екипи, не можат да го локализираат, бидејќи под слоевите ѓубре има големи количини метан кој лесно се запалува при допир со кислород.

Чија треба да е одговорноста за оваа нелегална депонија е жешко прашање последниве денови, бидејќи сите општини велат дека немаат надлежност. Депонијата е на територија на Општина Василево, земјиштето е на национални шуми, управувањето главно е на струмички Комуналец а ѓубре депонираат три општини.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави дека во наредните две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

Дејан Дејан

Димитров: Моите критичари ми понудија да бидам амбасадор во Вашингтон или да бирам земја, меѓудругото за да ме замолчат

Дејан Дејан

Димитров: Комесарот Вархеји имаше исклучително негативна улога, немаше друг претставник на ЕУ што се залагаше за мешање на пристапниот процес со еден тежок спор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе