Вести Македонија

За 30 отсто помалку запишани првачиња во Битола во споредба со лани

Во битолските основни училишта за престојната учебна година се запишани 219 првачиња помалку од лани.  Во учебната 2025/2026 година, во 12 основни училишта се запишани 548 првоодделенци, а минатата година  нивниот број до октомври стигнал до 767. Според општинските власти оваа бројка не е кончена, бидејки првоодоенелнци  се запишувале и на почетокот од септември.

Најмалку проодделенци има во основните училишта во руралните средини, но и во централни училишта во градот. Така, 10 првачиња се запишале во Основното училиште „Александар Турунџев“ во село Кукуречани, 24 во „Кирил и Методиј“ во центарот на Битола, а по 30 во „Ѓорѓи Сугарев“ каде претежно има ромски ученици од градот и во „Крсте Петков Мисиров“ во село Бистрица, пишува СДК. А Најмногу првачиња ќе има во училиштата кои ги опфаќаат реоните на населбите Нова Битола и Педагошка. Во Основното училиште „Климент Охридски“ запишани се 94, а во „Елпида Караманди“ 65.

Досегашните бројки покажуваат драстично намалување на бројот на првооделенци во споредба со оние од лани и преклани. Во 2024 имаше 39 првачиња помалку од 2023 година, кога до почетокот на учебната година бројката се имаше искачено на 806.

За една деценија Битола, која според последниот попис е трета општина по број на население во државата, изгубила над сто, па и повеќе првачиња.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс: Владата ќе троши повеќе пари, но планира и повеќе да собере во буџетот

Дејан Дејан

Повеќе ќе трошиме, повеќе и ќе собираме – финансии предлага избалансиран ребаланс на буџетот

Дејан Дејан

Клековски: Очекуваме експерт за ампутации од Словенија за повредените во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе