Вести Свет

Протести против американско вмешување во конфликтот со Иран

Во Лос Анџелес се одржа протест против можната американска интервенција и вмешување во вооружениот судир меѓу Израел и Иран. Демонстрантите побараа мир и воздржаност од страна на САД… Ваквата реакција доаѓа откако претходно американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сè уште не одлучил дали ќе нареди напад врз Иран.

Дел од луѓето кои излегоа на протестот влеат дека излегле поради стравувања за своите блиски во Техеран. Протестот се одржа пред федерална зграда во центарот на Лос Анџелес, каде демонстрантите носеа транспаренти со пораки како „САД – тргнете ги рацете од Иран“ и „Дипломатија, не бомби“.

Некои учесници се изјаснија против американската поддршка на израелската воена кампања, повикувајќи на итно прекинување на огнот и почеток на мировни преговори. Организаторите најавија дека ќе продолжат со протести доколку тензиите се зголемуваат, истакнувајќи дека сакаат да испратат јасна порака до Вашингтон дека американската јавност не поддржува нова војна на Блискиот Исток.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработените од психијатриската болница во Демир Хисар на протест

Дејан Дејан

Заспиваат и се будат во чад и смрдеа – жителите на Добрашинци најавија тужби за горењето на депонијата Шапкар

Дејан Дејан

Кој ќе го оценува обвинението за пожарот во „Пулс“?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе