Вести Македонија

Политичката реторика е рецепт како може да се убие ентузијазам на оваа група луѓе која стана заедница, Сапорт Кочани не се препознава во говорот на Мицкоски за некрофилија

По синоќешниот говор на премиерот, Христијан Мицкоски пред Унијата на млади сили во Велес, а во кој обвини и дека граѓанско движење за помош на Кочани полека преминува во политичко движење, волонтерите на Сапорт Кочани во писмено соопштение до медиумите одговараат дека не се препознава во коментарот на премиерот и какошто пишуваат  „Сигурно мисли на некое друго здружение“.

-Доколку можеме било како да помогнеме знаете каде можете да не’ најдете и контактирате. Да бидеме дел од политичка реторика и препукување е рецепт како можете да го убиете ентузијазмот на оваа група луѓе која стана заедница, одговорија од Сапорт Кочани.

-Ништо нема да ни застане на патот на солидарноста за сограѓаните, другарите, браќа и сестри што настрадаа во Пулс, а најмалку тоа треба да биде државата или политичките чинители, велат волонтерите од Сапорт Кочани.

Иницијативата Сапорт Кочани (Support Kocani) беше формирана по пожарот во кабарето Пулс. Организираа транспарентен начин за донирање на финансии на повредените и на семејствата на загинатите. Според нивната ФБ страница, собрале околу 600 илјади евра кои се директно донирани на жртвите на кочанската катастрофа. Дополнително, по нивни апели беа обезбедени донации во опрема за кочанската болница и беа организирани други хуманитарни настани како изложба и концерт.

Сапорт Кочани први алармираа и за лошата состојба во кочанската болница и неподготвеноста за третмани на повредените, како и за недостаток на медицински персонал по што беше формирана посебна комисија за проценка и евалуација на состојбата на повредените.

Премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот настан на партискиот подмладок, Унијата на млади сили обвини  дека граѓанските активисти се

-Сакам да предупредам за скриената се поголема манипулација и свесно фрлање на прашина во очите на целата јавност која се прави со темата Кочани. Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење, каде од поддршка на ужасните жртви од ужасниот хорор во Кочани, говорат за катни гаражи, водоводи, канализации, исполнети, неисполнети ветувања и сѐ така по ред во духот на локалните избори, рече Мицкоски на роденденската прослава на УМС.

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе