Вести Македонија

Како промената на времето влијае по здравјето на луѓето?

Од сончево и многу топло до облачно со дожд и грмежи. Променливото време негативно влијае по здравјето, а најмногу на удар се луѓето со висок крвен притисок, дијабетичарите и пациентите со инфаркти и мозочни удари. Следење на нивната состојба и редовно земање на терапијата, препорачуваат лекарите за да не дојде до несакани последици.

Во летниот временски период поради високите топлини може да дојде до намалување на самиот крвен притисок. Тука треба пациентите да се само едуцираат од страна на своите матични лекари за преполовување или намалување на хипертензивната терапија како не би имале колапси, т.е драстично намалување на крвниот притисок со изразити вртоглавици што денеска во денот го гледам. Дојдоа голем број на пациенти со притисоци од 100 до 100 со 70, тоа веќе е низок крвен притисок. Тука треба да се направи редукција на самата терапија, вели д-р Драган Ѓорѓиевски специјалист по семејна медицина.

 Клима уредите – спас за голем број граѓани, но доколку не се чистат редовно може да доведат и до воспаление на белите дробови, тешки главоболки или вкочанети мускули, алармираат лекарите.

Пред да ги користат, а веќе се користат климатизираните простории задолжително да се направи чистење на филтрите, бидејќи внатре во самите филтри постојат т.н. бактерии микоплазми и легионела кои што живеат внатре во самите филтри и тие предизвикуваат пневмонии во летен временски период. Така да, сега во овој период ние ќе почнеме да се соочуваме со пневмонија од респираторно потекло од климатизирани простории, вели д-р Драган Ѓорѓиевски специјалист по семејна медицина.

Освен кај лекарите, бројот на повици и интервенции се зголемил и кај Итната медицинска помош. Високите температури за време на викендот предизвикале и колапси кај граѓаните. Затоа медицинарите апелираат до граѓаните да не излегуваат во периодот кога е најтопло, да пијат многу вода, да ги проветруваат просториите и да не јадат лесно расиплива храна.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе