Веста за избор на Алиу за министерската позиција на која претходно беше неговиот сопартиец Арбен Таравари предизвика реакции меѓу членовите на Алијансата.
Оттаму денеска преку пишана реакција обвинуваат дека токму Алиу е човекот кој инсистирал Алијансата за Албанците да се поврзе со Али Ахмети, според нив тој бил прв и главен човек кој ја иницирал комуникацијата со него.
ВМРО-ДПМНЕ пак го обвинуваат дека ги напуштило своите „црвени линии“ и во Владата вклучува луѓе блиски до ДУИ, што претходно беа мета на критики.
Од Алијансата порачуваат дека ваквите потези само ја зајакнуваат нивната политичка позиција и потврдуваат дека ја донеле вистинската одлука кога ја напуштиле Владата. „Октомври е блиску, се гледаме тогаш,“ стои во партиското соопштение.