Вести Македонија Најважни

Дробњак: Исполнувањето на Реформска агенда е 60% од преговорите со ЕУ

Македонија ако ја исполни целосно Реформската агенда 2024 – 2027, со тоа ќе исполни 60 проценти од обврските кои ја чекаат во преговорите за членство во ЕУ. Ова е една од пораките испратени од дебата за предизвиците и придобивките од Планот за раста на Западниот Балкан кој треба да ја донесе Македонија преку спроведени реформи поблиску до ЕУ.

За тоа до каде е земјава во исполнување на Реформската агенда од Планот за раст министерот за европски прашања, информираше дека сите чекори кои биле со рок за спроведување до декември се испратени во Европската комисија која има рок од 90 дена да утврди дали тие се успешно имплементирани. За јунскиот рок се уште нема јасна слика каде би се доцнело.

За законите поврзани со реформите во правосудството чиј рок за донесување е исто така јуни, Муртезани со став дека за нив е потребен поширок политички консензус.

На дебатата беше презентирана и анализа за придобивките од членството во ЕУ за земјите кои во 20024 година влегоа во ЕУ, при што се покажало дека нивиот БДП денес е за 7.000 евра повисок отколку да останеле надвор од Унијата, односно секоја од нив има за една третина повисок БДП по жител поради членството во ЕУ.

Инаку Македонија, која од Брисел ја доби оцената за најдобро подготвена Реформска агенда и која прва ги доби средствата од првата транша од Планот за раст за регионот, тежок шест милијарди евра, според експертите најмногу предизвици при спроведувањето ќе има во делот на облстите како независност на судството, изборни реформи, конфискација на имот, броба против организиран криминал. Најмногу пари од ЕУ ќе добие пак за спроведени реформи поврзани со приватниот сектор и деловното опкружување, но и за реформира на компаниите кои се во државна сопственост за што се придвени 51 милион евра.

На дебата за Реформската агенда меѓу претставници на владата, невладиниот сектор и медиумите учествуваа и претставници на меѓународната заедница, како и поранешниот главен преговарач на Хрватска со ЕУ, Владимир Дробњак, според кого постои добар моментум во Брисел кој Македонија треба да го искористи и преку реализација на Реформската агенда да им даде можност на пријателите во Брисел да го поттурнат процесот на пристапување уште повеќе. Според него, 2030 е година на новиот процес на проширување на ЕУ која е изводливо да се фати.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Херцог: Американскиот напад врз иранската нуклеарна програма е храбра и историска одлука

Дејан Дејан

МААЕ ќе одржи итен состанок по американското бомбардирање на иранските нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Експертите очекуваат нов раст на цената на нафтата по ексалацијата на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе