Вести Македонија

Муцунски избран за млад глобален лидер на Светскиот економски форум за 2025 година

Тимчо Муцунски министерот за надворешни работи и надворешна трговија е избран за Млад глобален лидер (Young Global Leader – YGL) на Светскиот економски форум (World Economic Forum – WEF) за 2025 година. Ова престижно признание се доделува на исклучителни личности под 40 години кои демонстрирале извонредни лидерски способности и силна посветеност кон подобрување на состојбите во светот, соопшти Министерот за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНД).

Форумот на млади глобални лидери претставува заедница посветена на обликување одговорни лидери кои активно придонесуваат за подобрување на глобалните околности. Секоја година, Светскиот економски форум, преку селекциски процес кој вклучува одлука на специјализирана комисија и консултации со бројни експерти, избира група од приближно 100 лидери под 40 години од целиот свет (од кои 10 се од Европа) кои го добиваат ова признание.

Самиот процес на избор вклучува строга селекција што ги зема предвид личните и професионалните достигнувања на кандидатите, како и нивната етичка посветеност и интегритет во работењето.

„Изборот на министерот Муцунски во оваа престижна заедница претставува признание за неговите напори и постигнувања во областа на дипломатијата и меѓународните односи. Како министер за надворешни работи и надворешна трговија, тој игра значајна улога во промоцијата на европските вредности, регионалната соработка, човековите права и доброто владеење“, наведуваат од МНРНД.

На социјалните мрежи Муцунски се изрази чест што бил препознаен како дел од Младите глобални лидери за 2025 година.

„Ми претставува особена чест што сум избран за еден од Младите глобални лидери за 2025 година од страна на Светскиот економски форум. Да се биде препознаен како дел од успешна група лидери под 40 години – кои доаѓаат од политиката, економијата, академската заедница и граѓанското општество од целиот свет – претставува исклучителна привилегија, но и голема одговорност“ истакна министерот Муцунски.

Алумни-членови на оваа престижна група вклучуваат истакнати личности како што се Марк Закерберг – основач и извршен директор на „Facebook“, Емануел Макрон – претседател на Франција, Питер Тил – коосновач на „PayPal“ и водечки инвеститор, Нико Розберг – поранешен шампион во „Формула 1“, Александар Стуб – претседател на Финска и Александар Де Кроо – поранешен премиер на Белгија.

„Ова признание ја става нашата земја на мапата на глобалното лидерство и ја нагласува посветеноста на државата на развој, иновации и меѓународна соработка“ пишува во соопштението од МНРНД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе