Вести Македонија

Обвинителство: Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во Скопје

Се вршат вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во Скопје, соопштија од скопското Обвинителство. Дејствијата се преземаат во рамките на предмет поврзан со загадувањето на воздухот во Скопје, а сите надлежни институции се задолжени да изготват соодветни извештаи од контролите и да ги достават до обвинителството.

Државните инспектори за животна средина треба да вршат надзори во инсталациите кои поседуваат А интегрирана дозвола. Инспекцискиот надзор ќе биде фокусиран над инсталациите кои при извршување на технолошките процеси може да имаат удел во нарушување на квалитетот на воздухот и во фирмите кои за загревање на објектите користат мазут или нафта, велат од обвинителството.

Со иста задача, инспектори за животна средина од Град Скопје треба да направат вонредни инспекции во инсталациите со Б интегрирана дозвола. Комуналните инспектори и комуналните редари се задолжени да вршат проверка над возилата кои излегуваат од градежните парцели дали ги мијат тркалата, дали има одлагање на отпад на јавни површини, палење на оган на отворено.

Контроли вршат и министерството за внатрешни, инспектори од дирекцијата за заштита и спасување, а по доставување на сите извештаи, ако во нив се содржани елементи на кривично дело од областа на животната средина и природата, скопското обвинителство веднаш ќе поведе постапки против сторителите, информираат од ова обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе