Вести Свет

Путин изразил сочувство и му се извини на Алиев за падот на азербејџанскиот авион кај Актау, соопшти Кремљ

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал за падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев, соопшти прес-службата на Кремљ.

Детално беа разгледани прашањата поврзани со падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс на 25 декември во близина на градот Актау во Казахстан, се вели во соопштението на прес-службата.

Телефонскиот разговор меѓу лидерите на Русија и Азербејџан се одржа на иницијатива на руската страна.

Владимир Путин се извини за трагичниот инцидент што се случи во рускиот воздушен простор и уште еднаш изрази длабоко и искрено сочувство до семејствата на жртвите и им посака брзо закрепнување на повреденитe, соопшти Кремљ.

Прес-службата соопшти дека припадници од Истражниот комитет и од Канцеларијата на јавниот обвинител на Руската Федерација работат со нивните колеги од Азербејџан на истрагата за авионската несреќа кај Актау, двајца од азербејџанска страна се во Грозни.

Во разговорот меѓу Путин и Илхам Алиев е забележано дека азербејџанскиот авион се обидел да слета во Грозни за време на украински напад со дронови на кој одвратила руската ПВО.

Во разговорот е забележано дека азербејџанскиот патнички авион, што извршувал јасно планиран лет, повеќепати се обидувал да слета на аеродромот во Грозни. Во исто време, Грозни, Моздок и Владикавказ беа нападнати од украински борбени беспилотни летала, а руската противвоздушна одбрана ги одби тие напади, се вели во соопштението на Кремљ.

Прес-службата на азербејџанскиот претседател соопшти дека за време на разговорот меѓу двајцата лидери, Алиев посочил дека на иницијатива на Баку е формирана меѓународна експертска група за учество во истрагата за причините за авионската несреќа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе