Вести Свет

Бербок повика на прекин на пристапните преговори со Грузија

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок денеска оцени дека „властите на Грузија со своето антиевропско однесување свесно ги поиграле со историската шанса што Европската унија и ја понудила на земјата и повика на прекин на преговорите за членство во ЕУ со Грузија“.

„Бербок ја повика ЕУ официјално да го прекине процесот на пристапување на Грузија во Унијата поради авторитарното владеење на владејачката партија Грузиски сон“, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

„Доделувањето кандидатски статус на Грузија во декември 2023 година беше поврзано со јасни реформски процеси. Ова секогаш им беше јасно на функционерите во партијата Грузиски сон. Но, наместо напредок, гледаме алармантно назадување – избори кои беа остро критикувани од меѓународните набљудувачи, непропорционална употреба на сила против демонстрантите, ограничувајќи ги правата на ЛГБТК заедницата“, рече Бербок.

Таа додаде дека со таков антиевропски пресврт, Грузиски сон свесно го стави на мраз процесот на пристапување на Грузија во ЕУ и де факто го укина. „Во ЕУ, поради се поавторитарната политика на Грузиски сон, треба да размислиме за формално суспендирање на грузиската евроинтеграција“, додаде министерката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеполасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе