Израел извршил геноцид во Појасот Газа. Израелските војници вршат масовно убивање на палестински цивили и намерни прекини на водоснабдувањето, што го класифицира како чин на геноцид според Конвенцијата за геноцид од 1948 година, објави Хјуман рајтс воч.
Во извештајот се наведува дека Израел ја прекинал дистрибуцијата на вода, електрична енергија и гориво за Газа, со што Палестинците добиваат само неколку литри вода дневно, далеку под минималната количина потребна за опстанок.
Израел ги отфрла овие обвиненија, тврдејќи дека ги почитува меѓународните закони и дека дејствува во самоодбрана по нападите на Хамас. Од почетокот на војната во Газа според властите во земјата до сега загинали 45 илјади Палестинци.